Овен (21.03 – 20.04)
Конечно ги завршувате започнатите работи. Идните обврски бараат ваше полно ангажирање. Паричната ситуација би можела да биде и подобра. Во моментот не сте расположени некого да го сакате, доволни сте си сами на себе. Напнати сте и нерасположени.
Бик (21.04 – 21.05)
Лошо се чувствувате поради фактот дека некој друг напредува, а вие не. Ќе морате да научите подобро да ја проценувате деловната ситуација. Многу љубовни понуди, но ви недостасува она што би ви го исполнило срцето. Корегирајте го начинот на исхрана.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Премногу сте зафатени со деловните обврски, водете сметка да не ви се провлече некоја грешка. Организирајте се подобро. Се наѕира крај на мачната врска, а тоа ќе ви донесе големо олеснување. Можни се проблеми со вратниот дел од грбот.
Рак (22.06 – 22.07)
Работата која ја обавувате ве оптеретува. Неопходно е да останете смирени. Финансиите се стабилни. Во вашето опкружување се појави едно неодоливо лице, а интересот е од двете страни. Можно е да прерасне во нешто поголемо. Поминете повеќе време во природа.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате впечаток дека работата која ја обавувате не ви дозволува да бидете во центар на вниманието, онолку колку што заслужувате. Добра финансисиска ситуација. Окупирани сте со себе така што партнерот ретко го приметувате. Можни се проблеми со тироидната жлезда.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе бидете многу разочарани од ставот на еден близок соработник. Ви се препорачува да продолжите вредно да работите. Паричната ситуација е стабилна. Секогаш избирате ист тип на партнер и се разочарувате се повеќе. Размислете за своите стандарди.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете охрабрени со фактот дека некој го приметил вашиот труд. Со леснотија ќе ја освојувате околината. Добра финансиска ситуација. Многу сте живчани, партнерот тешко ве следи. Можна е понуда за тајна врска.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашите размислувања упорно ве водат кон промени во деловното опкружување. Наскоро ќе ви се прикаже добра прилика тоа да го остварите. Доколку сте во врска конечно ве очекуваат навистина убави моменти со саканото лице.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можен е проблем со колегите. Кај вас се мора да оди според планот. Многу сте одговорни. Емоционално тешок и лош период, внимавајте да не изговорите нешто непромислено поради што можете да се каете. Не се чувствувате доволно добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не сте во можност на адекватен начин да одговорите на деловните барања кои се очекуваат од вас. Солидна финансиска ситуација. На љубовен план се е како што сте планирале. Покажете ги своите чувства. Ви се препорачува лесна прошетка.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ве оптеретуваат лошата концентрација и заморот. Чувајте се од можни грешки. Направете распоред и фокусирајте се. Добра парична ситуација. Многу површни врски и флертови. Ве оптеретуваат проблеми со високиот крвен притисок.
Риби (20.02 – 20.03)
Можни се кавги во деловната околина. Добра финансиска ситуација. Односот со партнерот е стандардно добар. Поведете малку повеќе сметка за вашата здравствена ситуација и земајте повеќе витамини и минерали.