Работел во луксузна продавница и бил бездомник – Денес тој е ѕвезда на Нетфликс и Би-Би-Си

ИЗВОРНов Лист
|

Нкути Гатва, британски актер по потекло од Руанда, е избран за нов главен лик на популарната научно-фантастична серија на Би-Би-Си Doctor Who, како прв доктор кој не е бел. Но, тој поминал низ тежок период, а одреден дел од животот, како што призна во The Big Issue пред 2 години, го поминал како бездомник.

„Јас сум од Шкотска и се преселив во Лондон кога имав 21 година. Работев цело време, дури и на некои попристојни места. Поминав една година во театарот „Глоуб“, работев и во театарот „Нкихај“, актерот кажа во 2020 година.

“Пет месеци пред серијата по која се прославив спиев на каучите на моите пријатели. Немав сопствено сместување. Бев бездомник. Само тоа што имав пријатели ме спаси да не спијам на улица”, ја сподели со читателите својата приказна за почетоците на неговиот живот во Лондон.

Тој исто така рече дека неговиот живот, пред да започне да глуми во серијата на Нетфликс, бил многу поинаков. Тој кажа и дека кога отишол на аудиција, пријател морал да му позајми пари за да може да си дозволи превоз. Спомна и дека работел во луксузната продавница „Хародс“: „Ги гледав луѓето и мислев дека се среќни што имаат покрив над главата. А потоа одев на работа и продавав парфеми за 8.000 долари“.