Работилници за унапредување во работењето во администрацијата одржани во Хилтон Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Размена на искуства и стекнување знаења за најдобрите практики во областа на секторското планирање и практикување на отчетност е целта на работилницата која ја спроведува Центарот за управување со промени – ЦУП од денес до 21.02.2019.

Учесници на работилницата се административни службеници од 4 институции кои се целна група на проектот: Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Секретаријатот за европски прашања.Покрај од овие институции, учесниците доаѓаат и од секторските институции кои се вклучени во линијата на отчетност кон овие 4 институции.

Теми на работилницата ќе бидат: секторско планирање, поими на отчетност, одговорност и надлежност, поставување клучни индикатори на успешност, модели на известување, меѓу-институционална соработка и сл.

Предавач на работилницата е експерт од Канада, г-динот Тед Тунис, кој има повеќе од 25 годишно искуство во дизајнирање и испорака на модели за стратешко планирање и отчетност за институции од јавниот сектор во Канада и на меѓународно ниво.

Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.