Работите се менуваат: Овие 15 професии ќе исчезнат за 10 години

ИЗВОРСкопје24
|

Работите се менуваат – било да е тоа поради технолошкиот прогрес, приливот на евтина работна сила поради глобализацијата или промената на вкусот на потрошувачите.

Светот на бизнисот се менува со неверојатна брзина. Начинот на работа повеќе не е ист. Економиите се развиваат и влегуваат во нови фази, а кога тоа се случува, се менуваат и работните места.

Така, одредени работни места од година во година бележат се помал број на отворени позиции и истите може целосно да исчезнат во текот на следната деценија.

Се разбира, дел од нив ќе останат да постојат на некој начин, но нивната улога ќе биде се помала. Токму затоа не би сакале да се впуштите во некое поле кое е осудено на исчезнување.

Погледнете ја листата на професии и видете дали вашата работа е на листата на загрозени видови:

Возач, Фармер, Поштар, Известувач (новинар), Златар, Рибар, Издавач, Касиер, Доставувач, Туристички агент, Диспечер, Телемаркетер, Експерт за социјални медиуми, Работник во производство, Спортски судија.