Пејачката Рада Манојловиќ ужива во љубовна врска врска со 9 години помладиот Харис Берковиќ.
Иако се труди да го сокрие својот приватен живот, неодамна во медиумите се појавија приказани дека наводно пејачката тајно се омажила и дека е бремена.
Рада кончено проговори и ја откри вистината. Таа истакна дека пристигнале честитки од сите страни, но дека не е точно дека се омажила.
„Сите ми се јавија и ме честитаа. Многу е убаво кога некој се радува на туѓа среќа, па макар и лажна. Нема причина за честитање, иако јас немам ништо против бракот, бременоста. На луѓето им е чудно што не реагирам на такви работи, а да се случеше нешто ќе кажев. На нас ни е убаво, ништо не се менува“, изјави Рада за медиумите.
Познатата пејачка и понатаму настапува како претходно, но ретко се појавува во медиумите.
“Ме нема, малку одмарам од се. Немам нови песни, ми здосади да зборувам една иста приказна“, додаде Рада.