Раде Шербеџија откри дека не ја видел ќерка си две години: „Вања конечно е со нас и сега уживаме“

ИЗВОРНов Лист
|

По две години разделени, актерот ја сподели радоста на социјалните мрежи бидејќи неговото семејство конечно е заедно и на сите им ги честиташе празниците

Раде Шербеџија (75) на Фејсбук објави фотографија со семејството на која се гледа и неговата ќерка Вања која ја нема видено две години.

Во објавата тој на сите им го честита Божиќ и се пофали како ги поминува празниците со семејството, а на сликата се неговата сопруга Ленка и другите ќерки.

– По две години во кои не ја видовме, ни дојде ќерката Вања од далечната Австралија. Уживаме кога сме заедно и на сите што слават им посакуваме среќен Божиќ! – напиша тој во соопштението.

Шербеџија поради забраната за патување меѓу некои земји не можеше да ја види ќерката, а сега не ја крие радоста што конечно сите се заедно за Божиќ.