Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Таа не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.
Колку пати сте го чуле она “Годините се само бројка”? Никогаш не ми се допаѓала таа теза. Само бројка? Не.
За мене годините се многу бројки: бројот на родендени, но и бројот на прекрасни денови, сумата на сите тажни мигови, збирот на сите победи и порази, интензитетот на најголемата радост и длабочината на најголемото разочарување, секое воодушевувачко изгрејсонце и спектакуларен залез, избројаните секунди на среќа без повод, просекот на насмевки и солзи… и морето пријателства, убави желби, грижи и љубов.
Ви благодарам што денес тоа море и тие бројки ги подигнавте до небеса… и простете ако не стигнам на сите да одговорам.
Единствено што посакувам е во вторите 50 (скромно, нели 😉) да бидеме здрави, среќни и “на купче”.
Со сите вас, годините се прекрасен подарок!