Радомир е газда со големо срце: Прво им купи нови коли, потоа ги прати на луксузно крстарење… а сега ова

ИЗВОРСкопје24
|

За бизнисменот од Црна Гора, Радомир Новаковиќ “Цакан“ нашата јавност за прв пат дозна кога ја пренесовме веста за тоа како своите вработени ги почасти со скапи автомобили и луксузни крстарења и летувања на Сејшелите и Бахамите. Во меѓувреме, Цакан стана и општински функционер во Бар па својата позиција ја користи да им помогне на другите.

Новаковиќ е сопственик на најголемиот ланец за спортска опрема во Црна Гора, а е познат како човек со големо срце и широки раце. Тоа најдобро го знаат сите што имале шанса да работат за него бидејќи тој на уникатен начин ја наградува нивната верност и добриот резултат, а за тоа пишуваа медиумите во регионот.

Човекот чијшто надимак е “Брат“, пред неколку години испрати четиринаесетмина свои вработени на крстарење на Бахамите и Сејшелите бидејќи, како што вели тој, тие го заслужиле тоа.

Друга група на вработени беше испратена на двонеделно крстарење на луксузен крузер по Медитеранот, а најдобрите добија потполно нови автомобили како подарок: два “голф 6“ и два “поло“. И тоа со фул каско осигурување!

Позади неговото име стојат и голем број на хуманитарни акции за кои не сака да зборува и да се фали. Откако минатата година стана претседател на советот на општина Бар, сите 11 плати кои ги заработил таму (околу 13.750 евра) ги донираше во добротворни цели.

– Чувам признаници, но не би сакал да ви ги кажам имињата на луѓето и организациите на кои им беше потребна помош. Се одреков и од службен телефон и трошоци за репрезентација. Каде и да патувам, го правам тоа на сопствен трошок, изјави Новаковиќ за српски Blic.

Во Бар го почитуваат и затоа што влијаел да се запре продажбата на “Luke Bar” на полски инвеститори бидејќи жителите на општината оцениле дека тоа ќе биде штетно врз нивниот град. Е, кога сите други на негово место така би размислувале, каде би ни бил крајот!

Се зборува и дека Цакан на еден свој вработен кој со години собирал пари за карта во Бразил му овозможил да го гледа финалето на Светското првенство и како на вработени во неговата матична стоматолошка ординација им платил патување на крузер бидејќи бил задоволен од нивната услуга и професионалност.

Секоја чест! Тој е доказ дека се’ уште постојат добри луѓе кои знаат да подадат рака и во време на слава.