Рафтовите празни, масло за јадење има велат прозиводителите, но маркетите заради мала маржа го избегнуваат за тргување

|

Рафтовите празни, цената вртоглава, а маслото го нема во маркетите. Телма праша и го пронајде во магацините. Илјадници литри залиха се наоѓаат во велешката „Маслодајна“. Брендот „Кристал“ стои на располагање, но и производителите немаат точен одговор дали трговците одбиваат да се снабдат со масло во маркетите бидејќи државата за нив им го замрзна профитот, односно ја забрани маржата.

Ваквата незаинтересираност доаѓа откако државата се откажа од нејзината добивка – ДДВ, но ги ограничи и трговците да немаат маржа на овој основен продукт, заедно со брашното тип-400. Но, Лазов смирува, цената ќе се стабилизира и најверојатно ќе остане околуи 2,5 евра за еден литар. Не е сигурен дали откажувањето од царините од страна на државата ќе успее да ја снижи цената.

Суровото масло се набавува од Бугарија, а сончоглед има и во Србија. Но, Лазов се прашува зошто државата не успева да поттикне производство сончоглед на македонските ниви, Со таква стратегија, државата нема да морра да се грижи за овој производ кој сега е целосно условен од суровини кои пристигаат од соседството во велешката маслодајна една од најстарите и најголеми фабрики во регионот.

Павле Беловски