Австралискиот актер Крис Хемсворт привлече големо внимание на плажата Бајрон Бич во Сиднеј, Австралија додека сурфаше, а тоа секако го документираа и папараците.
Згодниот Крис на себе имал само црн шорц, а фотографиран е како носи даска во едната рака и како сурфа.
Хемсворт ги покажа своите сурферски вештини, но и мускулестото тело.
Тој се занимава со сурфање од многу одамна, уште додека ја снимаше серијата “Home & Away”, после што заминал во Холивуд, каде се стекна со слава и богатство.
35-годишниот Хемсворт е познат по улогата Тор во филмовите “The Avengers”, а во Бајрон Бич се преселил од Лос Анџелес кога го основаше семејството со сопругата Елса Патакај.
Парот има три деца.