Рајот на земјата: Влезот на оваа плажа чини 100 долари, но кога ќе видите зошто ќе се воодушевите

ИЗВОРСкопје24
|

Приватната плажа на Аруби е идеалната локација за сите љубители на кристално тиркизното море, пространите песочни плажи и дружбата со елегантните розови птици…

Островот Аруба, кој се наоѓа во Карипското море, може да се пофали со бројните активности кои ги нуди и со превкусните ресторани, но особена атракција претставуваат две плажи…

Едната е наменета за семејства со дечиња, а другата е “само за возрасни” – а воедно и најатрактивната бидејќи по неа слободно се шетаат фламингоси.

Токму тие се и “мамецот” за туристи, кои ја користат секоја прилика на социјалните мрежи да го промовираат местото кое го одбрале за свој годишен одмор и неговото кристално чисто море, бел песок и невообичаените птици.

Фламингосите на оваа плажа се толку навикнати на луѓето што се целосно припитомени и уживаат во нивно друштво.

Одлично е што не мора да бидете гости на ресортот за да ја посетите оваа приватна плажа, но за ова задоволство ќе мора да издвоите поголема сума на пари.

Дневна карта за возрасно лице чини 99 долари, но вклучува и ручек и коктел за добредојде.

Цифрата е прилично напумпана, но тоа не ги спречува љубителите на фламингоси и прекрасната природа да го поминат целиот ден во вакво, навистина рајско опкружување.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.