|
ЖРК Чаир ја заврши својата авантура во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на двете пресметки против холандски Венло беше убедливо поразена.
Сепак резултатот од вчерашното гостување е во втор план, за малку е избегната тешка повреда на македонската репрезентативка, Хана Мифтари. 17-годишната ракометарка, добила удар со колено во лице, по што мечот бил прекинат.
Веднаш била пренесена во болница, а на голема среќа поминала само со изместена вилица.
Денеска информациите велат дека Мифтари се чувствува добро, таа ја добила целата потребна поддршка.