Македонската репрезентација денеска го игра третиот натпревар од Мундијалот во Германија и Данска, а ривал е европскиот првак Шпанија.
Десното крило Гоце Георгиевски ќе има мотив плус за денешната средба со „фуријата“ бидејќи по вторпат стана татко.
Неговата понежна половина, сопруга Симона, на свет му донесе женско дете, а Гоце ја сподели убавата вест на социјалните мрежи. Тој и се заблагодари на својата поубава половина, Симона што овој ден го направи посебен за нив.
„Уште еден посебен ден за мене измешан со многу чувства и емоции. Ти благодарам Симона Георгиевска што овој ден го направи посебен за нас, да ни е жива и здрава ќерката“, напиша Георгиевски.