Двајцата македонски репрезентативци Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски по настапот на Мундијалот во Германија и Данска се вратија дома, а во Општина Илинден, нивното родно место, беа пречекани од сограѓаните.
По иницијатива на фудбалскиот клуб од Илинден, раководството и спонзорите, двајцата ракометари имаа дочек во една од кафеаните во општината. Таму тие беа поздравени од многу сограѓани, а најмногу им се радуваа најмладите.
Посебен мотив за славење при дочекот имаше Георгиевски, затоа што додека беше на Мундијалот, непосредно пред натпреварот со Шпанија, доби принова во семејството.
Македонија со победа го заврши настапот на Светското првенство и го освои 15. место на Мундијалот во Германија и Данска. Иако фановите беа разочарани поради тоа што за прв пат по 20 години не успејавме да ја поминеме првата фаза од првенството и да добиеме шанса да играме за квалификации на олимпијадата, но сепак успејавме да го задржиме 15 место кое го освоивме и на претходното светско првенство во ракомет.