Ранетиот Раде Трајковски – Штекли излегува од болница

|

Раде Трајковски – Штекли во кого беше пукано пред една недела во Ист Гејт Мол, се опоравува од раните и излегува од болница. Тој оди на домашно лекување.

На социјалните мрежи денеска се појави фотографија од ранетиот Трајковски во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје, на која тој е насмеан и во многу подобра состојба. По пукањето Трајковски беше донесен тука и беше опериран, па мораше да му биде отстранет дел од белите дробови.

Нападот се случи минатиот вторник околу 15 часот, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за пресметка на криминални кланови.

Во недела е најдено запалено возило во Сарај за кое истрагата се сомнева дека е автомобилот за бегство на напаѓачот кој пукаше во Штекли и Колумбо.