Лепа Брена видно се вознемирила и расплакана го напуштила студиото поради една многу тажна причина. Во емисијата била пуштена снимка од Дивна Карлеуша, која за жал не напушти на 4 март годинава, а во позадина одела балада од Лепа Брена.
Многу тешко ѝ паднало да го гледа видеото, па ја напуштила просторијата, а когаа се вратила не изустила ниту еден збор. Потоа Саша Поповиќ им се обратил на сите и кажал што би направила Дивна.
Јас знам една работа, Брено. Брена ова многу ја погоди… Дивна да беше жива или да може нешто да ни каже од оној свет, ќе речеше: „Сале, не тагувајте, распукајте весело, јас сакав музика, секогаш сум ги сакала пејачите, ве поддржував. Ти благодарам, Дивна, на се, рекол Саша на снимањето на специјалната емисија на „Ѕвездите на Гранд“.
Lepa Brena pic.twitter.com/njsFlwiQmx
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) March 11, 2019
Јелена Карлеуша одлучи домот на својата мајка Дивна никогаш да не го продаде и сака засекогаш да го сочува споменот на познатата водителка на Радио Белград.
Јелена отсекогаш говорела дека мајка и е нејзиниот центар на светот, па нејзиниот губиток многу тешко го поднесе. Таа цврсто реши куќата на мајка и никогаш да не ја продаде а нема да допре ниту една работа која мајка и ја имала во својот дом. ЈК сака се да остане недопрено, за да се потсетува на мајка и кога ќе дојде да го посети тој дом, изјави близок пријател на пејачката.
Дивна не сакала да замине од таа куќа. Јелена и нејзиниот маж Душко сакаа да и купат луксузен стан но водителката не сакаше ниту да чуе за тоа.
Таа куќа е на крајот од една слепа улица и таму го наоѓала својот мир кој не сакала никој да и го попречува, објаснува изворот и додава дека Јелена, кога родителите и се развеле живеела со мајка си и детството го поминала токму во таа куќа.