|
Вртоглави цени достигнува градежното земјиште во Дојран.
Од 50 до 100 евра за метар квадратен се движи продажната цена во зависност од интересот и местоположбата на земјиштето.
Пред само една седмица, општината продаде три парцели од околу 9 илјади метри квадратни за околу 15 милиони денари.
Освен домашни за првпат се јавија и странски купувачи, заинтересирани да инвестираат во дојранскиот туризам.
Ова позади мене е познатата населба Карач која е една од најатрактивните локации за викенд куќи и мали станбени згради.
Се наоѓа на влезот во Стар Дојран и е во непосредна близина на езерото.
Согласно законските прописи, во рок од една година по купувањето на земјиштето инвеститотрите треба да подгинат и одобрение за градба.
Сузана Мицева