Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во ТВ Сител информира дека наставата со физичко присуство што ќе ја следат само учениците од прво до трето одделение ќе почнува во различно време, односно ќе има временска дистанца од 10 минути за да нема мешање меѓу учениците и да се намали ризикот од какво било пренесување на болеста.
-Има многу барања и размислувања и многу дилеми, пратиме и гледаме многу искуства од многу земји во светот, но ние одлучивме и тоа само така може да биде, приоритет ќе биде заштита на здравјето на граѓаните. Препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите и овие три одделенија кои ќе почнат, односно прво, второ и трето одделение да почнуваат во различно време со временска дистанца од 10 минути за да не се среќаваат на влезот, ниту пак на крајот на часовите. Сакаме да ги избегнеме оние лоши сценарија кои ги видовме во земјите кои ги отворија целосно училиштата, рече Министерот
Истовремено истакна дека многу анализи покажале дека децата се со најлесна клиничка слика и најмалку процентуално, односно децата до 9 години се под 4 проценти.