Разликите помеѓу машка и женска љубомора

ИЗВОРНов Лист
|

Начинот на кој човекот размислува и се однесува многу често е под влијание на љубомората, која е многу силно чувство. Се смета дека таа е заедничка особина, типична за луѓето и постои од секогаш. Сепак мажите и жените покажуваат различни типови на оваа особина. Прочитајте зошто е тоа така.

Прво, според еволуцијата, не треба само да го живеете својот живот, туку и да создавате нов. Мажите и жените се создадени на одреден начин да направат 2 битни нешта во животот: да остават многу потомци и да ја обезбедат благосостојбата на своите деца.

Мажите ја имаат првата задача, па затоа тие се обидуваат да ги пренесат своите гени со оплодување на различни женки. Жените пак внимателно избираат партнери кои подобро ќе се грижат за децата. Биолошкта определба ги објаснува разликите за причината која ве прави љубоморни.

Мажите сакаат да бидат сигурни дека потомството што тие го одгледуваат е навистина нивно. Целиот процес се одвива внатре во жените, па поради тоа тие не се сигурни дека бебето е нивно.

Поради овој факт, истражувачите објаснуваат дека за мажите физичкото изневерување е полошо од емотивното бидејќи е ризик да инвестираат се што имаат за деца со кои генетски не се поврзани.

За жените, причината за љубомора е поставена обратно – за успешно одгледување на децата, тие сакаат силна поврзаност со партнерот. Нив повеќе ги вознемирува емотивното неверство отколку физичкото, бидејќи тоа го зголемува ризикот да бидат напуштени и да ја изгубат помошта од партнерот.

Некогаш љубомората произлегува и од самата врска Според едно истражување не само биолошките улоги влијаат на овие видови љубомора, туку и перцепцијата за врската. Постојат 2 вида приврзаност во врската – дистанцираност и сигурност. Луѓето од првиот вид ја вреднуваат својата независност многу повеќе од што било друго и се дистанцираат од длабоките врски. Тие стануваат љубоморни на неемотивно ниво и физичкото изневерување им пречи многу повеќе. За разлика од нив, другиот вид луѓе се чувствуваат удобно во врската и уживаат во меѓусебната зависност и многу ги вознемирува емоционалното неверство.

Она што моеби е најинтересно е тоа што мажите припаѓаат во првата група, а жените во втората. Oвој резултат ја потврдува идејата дека мажите и жените се љубоморни поради различни причини.