Што се случи со интимнa забава, во кругот на семејството и најблиските пријатели, со торта и играње со најмладите?
Прославите на првиот роденден “на големо” станаа тренд во целата земја, а повеќето родители повеќе се грижат за гостите и за организацијата отколку за желбите на своите деца.
Еве што им порача една мајка:
Раѓањето на детето е еден од најзначајните настани во животот на секоја жена, како и во мојот.
Помина речиси една година откако нашата миленичка дојде на свет, а првиот роденден се доближува. И на него особено би се радувала, да не ме прашуваат сите: “А во кој ресторан ќе го прославите првиот роденден?”
Ресторан ?! Ве молам, го слушнав тоа добро?!
Порано се знаеше зошто се одеше во ресторан или под шатор – за испраќање и за свадбата. Денес, покрај сѐ попопуларниот 18-ти родендени, според мое мислење, прават свадби без невеста /младоженец, но задолжително со девојка /дечко кој што го пратат во чекор славеникот, вистинските циркуси се прават и од првиот роденден. Па, дали овој народ целосно ги гyбат главите или, пак, колективно освоивме огромни пари на лотарија ?! Можеби не сум во тек?!
Не знам ни сама на колку први родендени сум била до сега, и сите беа исти. Многубројни гости, од кои најмалку деца, музиката трешти на цел глас и изгyбeни лица на славениците кои не разбираат зошто нивната мајка ги ниша во рацете, зошто сите ги бакнуваат и сакаат да се фотографираат со нив?
Прославувањето “на големо” стана тренд низ целата земја, а повеќето родители повеќе се грижат за гостите и за организацијата отколку за желбите на своите деца. Јас верувам дека ресторани, игротеки и сали се резервирани неколку месеци однапред! Кај нас важи непишаното правило дека секогаш може да се најдe време и пари за прослави , без оглед на моменталната материјална состојба. Овој настан е многу важен на луѓето и тие сакаат да го прослават со блиски луѓе.
Добро, разбирам дека ова е важен ден, но зошто треба да се направи фешта? Зарем не е вашето дете најважно тој ден? Зар не треба на тој ден да му посветите внимание и да се потрудите да биде насмеано, опкружено со луѓе кои ги знае, а највеќе деца? Родителите се свесни дека нивните деца нема да се сеќаваат дека ја дувнале првата свеќа па зошто тогаш трошат неколку стотици, па дури и илјадници евра за хaoсот за на крај пак да се заврши како забава за возрасни?
Што се случи со интимнa забава, во кругот на семејството и најблиските пријатели, со торта и играње со најмладите? Затоа, мојот сопруг и јас решивме да ги игнориpaме бизарните прашања и дека 1-виот роденден на нашето девојче ќе го прославиме во станот со неколку луѓе, но на начин кој ги задоволува потребите на нашите деца.
Ова им го кажав на оние кои ме прашуваа последните неколку недели за прославата бидејќи ја планирале неколку месеци понапред! Ќе организираме сè за неколку дена, бидејќи што е поважно од тоа нашето девојче да биде со насмевка на тој ден? Ништо … Се надевам дека има повеќе родители кои го делат моето мислење. …