Реакција на поранешната македонска пливачка Наташа Мешковска: Кој му даде дозвола на Марко да плива 64 километри ?

|

Поранешната пливачка на Македонија, Наташа Мешковска на својот фејсбук профил го прокоментира потфатот на Марко Пејчиновски и негиот обид да исплива неверојатни 64 километри.

Иако Марко се откажа на поминати 11 километри, овој подвиг наиде на многу пофалби, но и на многу критики.

Една од нив беше и Наташа Мешковска која на својот фејсбук профил го напиша следново:

Почитувани пријатели, дали Марко можеше да плива 10км за подигање на свеста? Кој одлучи дека тој треба да плива токму 64км? Со кој памет федерацијата го одобри и поддржа настанот? Најдобронамерно апел до родителите и тимот(ако воопшто го има) во иднина, консултирајте стручни лица пред да го ставите детскиот живот во опасност. Ако не им верувате на нашите консултирајте било кој од фелата од регионот – напиша Мешковска.