Речено – сторено: Гоца Тржан се исели од станот кој го купи со бившиот сопруг

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Гоца Тржан го напушти станот во Маријево, во Белград, во кој живееше со години. Таа со ќерка си Лена и со сопругот Раша Новаковиќ се пресели во населбата Раковица, каде што купија куќа, а трошоците за станот во иднина ќе ги плаќа нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ, кој неколку години наназад „живее“ во реалните шоуа во кои учествува.

Имено, пред десетина години, пејачката и нејзиниот бивши маж Иван станот го купиле на кредит, а по разводот наводно дошло до несогласување околу недвижнината, па Тржан вети дека ќе се исели штом ќе најде нов покрив над главата.

Откако сестрата на бившиот сопруг на пејачката Гоца Тржан, Теодора Маринковиќ, во живо се вклучи во реалното шоу „Парови“ во кое учествува нејзиниот брат Иван Маринковиќ, и раскажа дека Гоца сака да ги „остави на улица“, Тржан одлучи да се огласи во медиумите.

„Нека ми се симнат од грбот веќе! Тврди дека живеам во неговиот стан. Никој од нив немаше проблем да ме остави да живеам со детето во станот за кој месечна рата изнесува 500 евра. И никој не ми се јави да ме праша дали имам пари, туку сега, кога го отплатив поголемиот број рати, сакаат да го земат, а притоа имаат два стана. Едниот е во строгиот центар на градот, но очигледно тоа им е малку, па го сакаат и овој во Миријево. Нема проблем, ќе го добијат, ветувам дека за еден месец ќе се иселам од него, но ним ќе им останат месечната рата за кредиот и сите преостанати трошоци. Мене не ми е проблем да излезам од станот, но што ќе прават тие потоа. Бедно е тоа што се обидува да биде популарен преку мојот грб, веќе нека ме остави на мира, и не само мене туку и моето семејство. Тврдам дека за секоја негова изговорена лага ќе поднесувам тужби, како и за изјавата на сестра му дека сум и’ се заканувала“, порачува Гоца, остро демантирајќи ги тврдењата на Теодора Маринковиќ, која изјави дека Гоца и’ се заканувала дека ќе ја исфрли на улица.

Речено – сторено. Со „мало“ задоцнување, сепак, да не „бараме влакно во јајце“, нели…