Рецепт „Хармоника“- компири: Приготвени на различен и многу едноставен начин

ИЗВОРНов Лист
|

Компирите направени на овој уникатен начин кој потсетува на хармоника, се многу лесни за приготвување и притоа секогаш ќе изгледаат неверојатно привлечно на вашата трпеза.

„Хармоника“ компири

Потребни состојки: 300 гр шунка, 4 компири, 150 гр кашкавал, 120 гр путер, 1 супена лажица сенф, половина кафена лажица лук во прав, сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка: Вклучете ја рерната да се загрее на температура од 200°C. Измијте ги компирите, но без да ги лупите. Во секој од нив направете длабоки засеци на растојание од околу 1 центиметар меѓу истите, но не до крајот.

Нанесете сол и мелен црн пипер врз компирите и поставете ги да се печат во рерната на 15 минути. За тоа време, исечете ги кашкавалот и шунката на тенки парчиња. Поставете ги во компирите како што е прикажано на фотографијата и одозгора нанесете ги остатоците од кашкавалот.

Растопете го путерот, измешајте го со сенфот и лукот во прав. Поставете ги комприите врз хартија за печење и полејте ги со пикантна смеса. Потоа поставете ги компирите повторно да се печат, додека да бидат готови, за што ќе бидат потребни околу 15-20 минути. Нанесете врз специјалитетот зачини по желба и сервирајте.

Добар апетит!