Рецепт на денот: Половина час, 3 состојки и највкусниот ручек е готов

|

Ви досадија комплицираните ручеци кои ви земаат по најмалку 2 часа во кујната? Ова потпечено пилешко веројатно ќе биде супер замена за која сите ќе мислат дека сте потрошиле часови подготвувајќи го.

Вкусниот ручек никогаш не бил поедноставен!

Потребни состојки: 500g пилешки стек, 1l павлака за готвење, 2 кесички инстант супа од печурки.

Raw skinless chicken breast fillets

Подготовка:

Во сад за печење ставете го исечканиот стек, а потоа истурете ги супите од печурки.

Добро измешајте со раце и распоредете рамномерно. Потоа прелијте ја павлаката за готвење.

Ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу половина час, додека горниот слој не порумени.

Можете да комбинирате со печени компири или салата.

На здравје!