Палачинките се десерт без кој многумина не би можеле да живеат, дури ни за време на диетата Потребни состојки:
45 грама овесни снегулки 55 грама кокосово брашно 45 грама просо Прстофат сол 1 лажица кафеав шеќер или мед Половина пакување прашок за печиво или 1 лажица сода бикарбона 1 лажица безглутенско брашно 2 јајца 200 милилитри млака вода 1 лажица маслиново масло.
Начин на подготовка: Во мелница за каде смелете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и просото. Погрижете се сите состојки да бидат фино измелени, особено овесните снегулки. Потоа префрлете ги во поголем сад и додајте ги и останатите состојки. Оставете ја смесата да отстои 15-тина минути во фрижидер.
Следен чекор е подготовката на палачинките. Внимавајте да не сипете преголема количина во тавата, бидејќи во тој случај палачинката ќе ви излезе дебела и не толку вкусна. Печете од едната страна додека не порумени и потоа свртете од другата.
Палачинката можете да ја сервирате со комбинација од мед и какао во прав – совршен додаток на овој необично вкусен десерт. По желба, декорирајте со свежо овошје.
Во прилог прочитајте и рецепт за совршени Американски палачинки:
Американските палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни. Помали се и имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување на трпезата.
СОСТОЈКИ 1 шолја брашно 2 големи лажици шеќер 2 мали лажички прашок за пециво ½ мала лажичка сол 1 шолја млеко 1 големо јајце 2 големи лажици растопен путер или масло за јадење
ПОДГОТОВКА Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте. Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња. Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер. Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината. Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како боровинки, јагоди, малини, банани и сл.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ За да ги зачувате палачинките топли, загрејте ја рерната на ниска температура и во неа поставете тава обложена со хартија. Како што ќе ги правите палачинките, така редете ги во тавата. Доколку сакате тестото да има неутрален вкус, односно да можете да направите и солени палачинки, ставете само една мала лажичка шеќер.