Лазањите со зеленчук и два вида сирење се секогаш добар предлог за ручек.
Состојки:
– пакување лазања – 1 црвен кромид – 4 чешниња лук – 2 јајца – 250-300 гр спанаќ – 400 гр рикота сирење – 200 гр моцарела.
Сос:
– Малку сос од домати – Малку маслиново масло – сол, бибер.
Подготовка:
Во тава пропржете го кромидот. Динстајте додека не омекне и порумени, а потоа додадете го лукот, па динстајте уште малку.
Се трга на страна да се излади малку.
Во поголем сад изматете ги јајцата, додадете ги рикота сирењето, спанаќот и 100 гр моцарела. Додадете сол и бибер.
Кога смесата со динстаниот кромид ќе се олади, додадете ја во смесата со спанаќ. Сè добро измешајте.
Во длабок сад измешајте ги доматите, малку маслиново масло и сол.
На дното на тавата ставете сос од домати, потоа ставете ги листовите лазања, а врз нив посипете ја мешавината од спанаќ и сирење.
Повторете три пати сè (освен сосот) и на крајот прелијте го преостанатиот сос од домати и моцарелата.
Покријте со фолија и печете 30 минути. Отстранете ја фолијата, па вратете се да се пече уште 15 минути.
Пријатно јадење!