Рецепт за компир од рерна прелиен со вкусен сос и кашкавал: Јадење кое ќе ве воодушеви

|

Пржен, варен, печен, како прилог или дел од салата – компирот е секогаш идеален избор за семеен ручек. Ако немате многу време да го подготвите, тогаш секогаш може да направите компир од рерна што ќе биде готов за еден час.

Печените компири се одличен прилог за месо, а доколку послужите и салата, ќе добиете комплетен оброк кој сите ќе го обожаваат.

Доколку сеуште не сте сигурни што да направите за денешниот ручек, ви продолжение ви претставуваме рецепт за превкусен печен компир прелиен со сос, кој е одличен за вегетаријанци, но и за они кои се љубители на месо. Се подготвува брзо, а вкусот е феноменален!

Состојки: 6 поголеми компири, 120 мл масло, 3 лажици брашно, 300 мл млеко, 350 мл вода и 200 гр кашкавал.

Подготовка: Во тенџере се става малку масло, па се додава брашното и се пржи 2,3 минути, внимавајќи да не изгори.

Потоа истурете ги млекото и водата, и сето убаво помешајте го. Додадете сол, бибер и зачини по вкус и мешајте додека течноста малку не се згусне. Сто грама кашкавал се ренда на поголемо ренде, па се додава во тенџерето.

Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња. Тавата за печење намачкајте ја со масло, па наредете ги кришките компири така што ќе се преклопуваат.

Со сосот прелијте ги компирите и посипете ги со преостанатите 100 гр кашкавал. Садот се покрива со фолија и се става во загреана рерна на 200 степени 45 минути.

Проверете со нож или вилушка дали компирите се меки, па најдобро ќе одредите дали треба уште да се печат или не.

Доколку не сте вегетаријанец, послужете топло со пилешко или некое друго месо или како комплетен оброк со салата по ваш избор.