Тесто за еклери, совршен десерт, а и на многумина и најомилен. Пробајте го овој рецепт и сите ќе ви ги пофалат еклерите. Се приготвува многу лесно, а се што ви е потребно се неколку состојки од вашата кујна.
СОСТОЈКИ: 1 шолја брашно тип 500, 3 јајца поголеми, ½ шолји маргарин
ПОДГОТОВКА: Се става вода околу една шолја на рингла во шерпа, па штом ќе зоврие се става растопен маргарин и се меша, па постепено се става брашното. Се меша да се добие густа смеса. Се трга да се лади и се додаваат јајцата со мешање. Се прават облици се ставаат на хартија на плех и се печат додека не добијат златна боја на 180 степени.
Добар апетит!