Рецепт за највкусниот крап во фолија – Сите ќе ви го бараат рецептот

ИЗВОРНов Лист
|

СОСТОЈКИ
Крап , лимон, 2 моркови, копар, 1 китка магдонос, 1 глава лук, и 1 кромид. За маринадата потребни ви се 4 лажици маслиново масло, 1/2 чаша бело вино, 2 кафени лажички сенф, малку сол и бибер. За крајниот чекор потребни ви се малку мелени ореви магдонос и копар.

Исчистете го крапот и исечете гo на шницли. Најдобро е да ја отстраните кожата на рибата, но ако не сакате можете едноставно да ја оставите.

Месото прелијте го со маринада од маслиново масло, бело вино, сенф, сол и бибер. Оставете го 30 мин. како што е и потоа ставете го секое парче на големо парче алуминиумска фолија.

На секое парче додадете сечкани моркови, лимон, копар, магдонос  и кромид. Парчињата риба завиткајте ги со фолијата и наредете ги во голема тава.

Се пече 40 мин. во загреана рерна на 180 ° C. Потоа извадете ја фолијата, посипете со сецкан копар, магдонос, ореви. Печете уште 5-10 мин. и извадете ја од рерната.

Добар апетит.