Брокулата и полутврдото сирење се совршена комбинација без разлика дали станува збор за супи и чорби или овие крокети кои можат да се јадат како прилог, но и како самостоен оброк. За крокетите ви се потребни само неколку состојки кои се печат во рерна, а крајниот резултат е вкусна закуска. Доколку користите лебни трошки, крцкавоста е загарантирана.
Потребни состојки:200 грама сечкана брокула120 грама рендано полутврдо сирење50 грама лебни трошки2 јајца2 чешниња лук3 главици млад кромидсол и бибер по желбарастително маслоНачин на подготовка:
1. Оставете ја брокулата да се издинста, па издробете ја со вилушка и измешајте ја со изматените јајца, трошките, ренданото сирење, ситно сечканиот лук и младиот кромид.
2. Додадете сол и бибер по вкус. Од добиената смеса направете топчиња со приближно иста големина.
3. Ставете ги во сад за печење и намачкајте ги со масло.
4. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 до 25 минути сè додека не добијат златно-кафеава боја и не станат крцкави. На здравје