Рецепт за посна домашна паштета: Намаз кој ќе ве воодушеви

ИЗВОРНов Лист
|

Паштетата, во повеќето случаи е избор кога станува збор за брз оброк. Многумина се одлучуваат за индустриските варијанти на овој намаз кој е погоден за појадок, ужина или вечера.

Сепак, за време на Велигденскиот пост, тешко е да се пронајде вкусна и посна паштета без капка масло или туна. За таа цел, ви претставуваме рецепт за намаз кој може да биде ваш избор во деновите на постот, но исто така и ако се придржувате до веганската исхрана, бидејќи тој не содржи ниту месо ниту риба.

Состојки:

– 450 гр. компири, 200 гр. моркови, 1 главица кромид, 3 чешлиња лук, 200 гр. печени кикирики, 1 лажица сенф, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка бибер, зачини по вкус.

Подготовка:

Сварете ги компирите и морковите, а потоа одвојте ја водата во која се варел зеленчукот. Со вилушка или блендер направете пире од сварениот зеленчук, а потоа додајте го ситно исечканиот кромид, лукот и зачините.

Изблендирајте ги кикириките, а потоа додајте ги во пирето и сè добро измешајте. Густината на овој намаз ја регулирате со додавање на вода во која се вареа компирите и морковите, па ако сакате малку поретка паштета, додајте малку од течноста.

Со свежа салата и тостиран леб, оваа паштета ќе биде целосен оброк. Вака припремен, намазот може да се замрзне и вади по потреба, а во фрижидер може да стои и до 5 дена.