Според акцискиот план кој денеска треба да биде усвоен во Владата, речиси 300 војници и 150 полицајци ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на здравствените установи низ земјава.
По завршувањето на седницата на Главниот штаб на Управувачкиот комитет, директорот на ЦУК Стпјанче Ангелов истакна дека овие бројки не се конечни и дека ќе зависат од побарувањата од Министерството за здравство. Повтори дека војниците само ќе асистираат на полицијата и ќе бидат невооружени на своите позиции.
По усвојувањето од Владата, наредбата за ангажирање на војската треба да ја одобри претседателот и врховниот командант на оружените сили Стево Пендаровски.