Речиси цела ноќ се гасеше пожар во напуштена куќа во Тетово

ИЗВОРНов Лист
|

Ноќеска четири часа тетовските пожарникари гасеа пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија.

– Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена и немаше повре дени. Од наша страна е интервенирано по пријава во 02:55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 06.50 часот, информира Авни Амети, командант на тетовските пожарникари.

Четири возила со 12 пожарникари работеле на пожарот.