Регионот се тресе: Регистрирани четири земјотреси

ИЗВОРСкопје24
|

Четири земјотреси регистрирал Европскиот сеизмолошки центар денеска во Грција, Турција, Романија и Бугарија.

Два од земјотресите биле регистрирани во Грција. Првиот бил од 5,4 степени по Рихтер и го потресе северозападниот дел од нашиот јужен сосед. Земјотресот се случил во 4,26 часот, а неговиот епицентар бил 19 километри од крајбрежниот град Превеза и 294 километри северозападно од Атина. Земјотресот, исто така, се почувствувал во градот Јанина, каде што локалната противпожарна служба го прегледала подрачјето за можно оштетување на патиштата или другата инфраструктура. Градоначалникот на Превеза, Кристо Баилис, на Sky Radio изјавил дека областа неодамна била потресена од друг земјотрес со јачина од 4,4 степени.

Неколку часа подоцна бил регистриран втор земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер. Тој бил почувствуван околу 4.30 часот по македонско време во југозападна Грција, во близина на Лефкада на длабочина – 5 км. Од двата земјотреси нема повредени или сериозни оштетувања.

Третиот земјотрес бил регистриран од Европскиот сеизмолошки центар од 4,2 степен по Рихтер во округот Малатја, Југоисточна Турција. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија Кандилли во Истанбул потресот се случил во реонот на градот Аргуван во 8.17 часот на длабочина од 5 километри.

Земјотрес бил регистриран и во Сеизмолошкиот регион Вранчеа, Романија. Тој бил со времетраење од неколку секунди и е почувствуван во Русе и во населените места во областа. Земјотресот бил со интензитет од 3,9 степени по Рихтер.