Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се покачиува цената на топлинската енергија за 20 проценти, потврди за Телма претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Но сепак товарот од новото покачување на цената на парното греење за скопјани, нема да биде на сметките на домаќинствата туку ќе се покрие од буџетот.
Според Бислимоски проценките се дека разликата од реалната и актуелната цена на парно греењето ќе биде вкупно 9 милиони евра. Од нив со 3,5 милиони евра ќе се покрива разликата кај домаќинствата, а останатите се за да се покријат повисоките цени за парното за државните институции.
ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА НА БАРАЊЕ НА СНАБДУВАЧИТЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА БЕГ И СКОПЈЕ СЕВЕР ПОРАДИ ЕНОРМНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАБАВНАТА ЦЕНА НА ПРИРОДНИОТ ГАС, КОЈА ИМА ДОМИНАНТНО ВЛИЈАНИЕ ПРИ УТВРДУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАНИОТ МАКСИМАЛЕН ПРИХОД ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА. ИМАЈЌИ ЈА ОВАА СОСТОЈБА ВО ПРЕДВИД, ВЛАДАТА КАКО ШТО ЗНАЕТЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА СО ТОПЛИНСКАТА ЕНЕРГИЈА И ПРЕДВИДЕ МЕРКИ ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ЦЕНОВНИОТ ШОК ЗА СМЕТКИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА КОИ СЕ ГРЕАТ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ДА ОСТАНАТ ИСТИ. ОВА Е ПРАКТИЧНО ПРИНЦИПОТ НА СОЛИДАРНОСТ ЗА КОЈ ЗБОРУВАВ, ВО ВРЕМЕ НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ ВЛАДАТА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ДЕЛ ОД ТОВАРОТ СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАШТИТАТ ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДА НЕМААТ ЗГОЛЕМЕНИ СМЕТКИ, ИЗЈАВИ БИСЛИМОСКИ.
Владата претходно излезе со проценка дека кризата со топлинската енергија ќе не чини 6 милиони евра од буџетот. Прогласи кризна состојба и донесе одлука ЕСМ комплетно да го преземе управувањето со БЕГ. Инаку на 31 декември минатата година РКЕ донесе одлука со која цената за парно греењето во Скопје се покачи за 14 проценти.