Дизелот од полноќ ќе биде поскап за половина денар, а бензините остануваат со непроменета цена, според редовната најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика од понеделникот за оваа седмица.
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 52 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,162 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 35,343 денар.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела. Утре нова цена на горивата, па останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин безнин и дизел.
Водечкиот светски производител на нафата е во криза
Компанијата Сауди Арамко, лидерот во светот по производство на нафта, во првата половина од 2019. година забележа нето добивка од 46,9 милијарди долари.
Tоа е пад од 12 проценти во однос на остварените 53,02 милијарди долари во истиот период од минатата година.
Арамко наведува дека вкупните приходи, вкучувајќи и други приходи од продажба, изнесувале 163,88 милијарди долари во првите шест месеци во однос на ланските 167,68 милијарди долари, покрај намалувањето на цената на нафтата и намаленото производство.
Саудискиот нафтен гигант во извештајот за заработката делумно го препишува падот на нето-добивката од четири проценти на просечната цена на суровата нафта во првите шест месеци во однос на истиот период од 2018. година, од 69 на 66 долари по барел.
Претседателот и директор на Арамко, Амин Насер, рече дека компанијата продолжува со реализација на својата „стратегија за зголемување на преработката“ преку аквизиции, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар.