До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Инаку како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег.
Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека утре ќе има и послаби врнежи претежно од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени.
Да напомене дека за време на овој ЕКСТРЕМНО СТУДЕН бран и невообичаен за месец Март, температурите на повисоките планински места ќе се спуштат дури и под -15 степени. Овие се очекуваните температури во следните денови за Македонија, но и за регионот:
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki