Решенијата за изолација од денеска во електронска форма – ќе може да го видите само вие

|

Согласно владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

Пристапот, како што соопшти владината прес-служба, е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/), кој носи до порталот Вакц инација.мк или директно на https://vakci nacija.mk/mk/landing.

Постапката е едноставна. Граѓаните кои досега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakc inacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за имунизација или за прележана болест.

Секое лице кое се тестира потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развило симптоми на болеста, информираат од владината прес-служба.