Морнарот Петер Марчинко, кој исчезна пред 30 години од Чепикуќе на самиот југ на Хрватска, е пронајден во Шпанија, каде што живее и денес.
Според Дулист, полицијата го известила семејството на пронајдениот Марчинко, а во меѓувреме бил избришан од регистарот на исчезнати лица. Јавноста се уште не ја знае причината за неговото мистериозно заминување во Шпанија пред 30 години и зошто никогаш не контактирал со семејството.
Последната информација за него е позната во април 1992 година, кога како 39-годишен се симнал од бродот Дубровник во Хихон, Шпанија и оттогаш му се губи секаква трага. Дури 30 години подоцна, полициската управа Дубровник-Неретва неделава доби потврда од меѓународни институции со кои соработувале при проверка на документи кои неодамна се појавиле во полициската станица Стон на негово име. По детална проверка Марчинко е пронајден жив во Шпанија.