Ресторанот Crust на сопствениците Анита и Климе Ковачески, македонски иселеници во САД се наоѓа меѓу најдобрите 100 во Соединетите американски држави, според листата направена од специјализираниот веб сајт Open Table.
Crust, кој всушност е ресторан за пица и паста, е сместен на источната страна од реката Мајами во истоимениот град.
Веб сајтот Оpen Table ги базира своите награди на рецензии кои ги прават нивните корисници. Податоците на сајтот вклучуваат 12 милиони рецензии и 26.000 ресторани. Сите ресторани се рангирани според нивните рејтинзи, односно врз искуството добиено од клиентите. Crust е еден од трите ресторани кој е одликуван од страна на Open Table. Останатите се Buccan во Палм Бич и The Grill vo Риц-Карлтон, Нејпл.
Сопствениците на ресторанот, Анита и Климе Ковачески во 2015 година биле селектирани и во најдобрите 50 приготвувачи на храна во Мајами. Формулата на Климе и неговата сопруга Анита, со која заедно го водат ресторанот, е непрекината работа и страст, како и посветување на внимание на секој можен детаљ.
Тие вложуваат максимален напор во секој аспект од бизнисот, вклучувајќи ја и употребата на ресурси, следење на рецензиите за ресторанот и комуникацијата со клиентите и слично. Како што велат тие, многу често се случува да работат по 12 часа на ден, и тоа шест или седум дена во неделата.
Формулата на Климе и неговата сопруга Анита, со која заедно го водат ресторанот, е непрекината работа и страст, како и посветување на внимание на секој можен детал. Тие вложуваат максимален напор во секој аспект од бизнисот, вклучувајќи ја и употребата на ресурси, следење на рецензиите за ресторанот и комуникацијата со клиентите и слично. Како што велат тие, многу често се случува да работат по 12 часа на ден, и тоа шест или седум дена во неделата.