Ретка природна убавина: Еве како изгледаше Билјана Дебарлиева во далечната 1998 година (ФОТО)

|

Водителката и новинарка Билјана Дебарлиева многумина ја паметат уште од времето кога водеше ТВ Крстозбор на МТВ, додеа други пак се уште знаат да ја поврзар со ТВ проектот „Бебе магазин“.

Билјана важи за една од најубавите познати дами, за која годините како да немаат никаква улога.

Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува. Направи промени на себе, ја скрати косата, почна пред камери да носи очила, а со тоа дополнително ја нагласи својата посебност и она што и го дала мајката природа.

За себе вели дека грижата за надворешниот изглед и здравјето и се приоритет, а дека тоа е така, очигледно е на прв поглед.

Денес оваа македонска убавина е на прагот од шестата деценија, а деновиве таа се потсети на фотографија од далечната 1998 годиназа која напиша:

-Некои заборавени фотографии ти го даваат она чувство дека е убаво да се потсетиш на младоста. Далечната 1998-ма, 99-та, пишува Дебарлиева.

Очекувано и разбирливо, комплиментите се редеа во низа, а некои ја споредија со легендарната Брижит Бардо.