Ретки фотографии од Скопје: Како се градеше старата железничка станица?

|

Скопската железничка станица (1971-1981) е дел од транспортниот центар проектиран од јапонскиот архитект и урбанист Кензо Танге. Истата е пак дел од мега структурата „Градска Порта“ која не ја доживеа својата комплетна реализација.

Интересен нумерички податок за овој објект е тоа што е најголемата мостовска конструкција на територијата на Р.Македонија со должина од 1450 метри.

Фотографиите се преземени од публикацијата на некогашниот гигант „Пелагонија“:

А дали знаете кое е пак ова место во денешно Скопје?

Оваа фотографија е од подвозникот кој води кон населбата Црниче денешен булевар „Кочо Рацин“.

Кога одите од Центар кон Црниче на самиот семафор од левата страна има триаголник на чие место се наоѓала познатата воена пекара каде секое утро имало тазе леб, пекарат се има срушено за време на земјотресот 1963 година.