Ретрограден Меркур ќе им донесе љубов и среќа на овие хороскопски знаци

|

Ретроградниот Меркур е активен од 10 септември и ќе трае до 2 октомври. Додека за некои овој период претставува вистински тобоган, за други е прекрасен период осветлен од емоции.

Според астролозите, ретроградниот Меркур ќе им донесе среќа во љубовта на овие хороскопски знаци, а вие треба да проверите дали сте меѓу нив.

Бик


Ретроградниот Меркур ќе ја активира вашата куќа на љубовта и романтиката. Големи се шансите во вашиот живот да се појави некој што многу сте го сакале во минатото. Ќе сфатите дека чувствата не исчезнале и дека меѓу вас сè уште постои голема страст.

Покрај оваа љубовна авантура, можеби ќе сакате да излезете од вашата комфорна зона и да се препуштите на некои нови работи.

Близнаци


Меркур е владејачката планета на Близнаците, па следните неколку недели многу повеќе ќе влијаат на овој знак од останатите, особено на полето на романтиката. Сега конечно ќе можете отворено да ги признаете своите чувства и да покажете дека се грижите, а потоа да дозволите работите да тргнат по својот тек.

Не брзајте да се обврзете, забавувајте се додека трае.

Девица


Бидејќи со овој знак владее Меркур, ретроградниот период ќе биде многу поличен за Девиците. Оние кои се во врска ќе размислат дали има нешто во врската со партнерот што би сакале да го променат, како да ја подигнат врската на повисоко ниво.

Оние кои се слободни ќе го направат првиот чекор кон личноста која им се допаѓа. Искористете ја енергијата на Меркур и запишете ги вашите љубовни желби.

Водолија


Ако некому му е судено да се забавува во овој период, тоа сте вие! Ретроградниот Меркур ја активира вашата осма куќа, давајќи ви многу можности да одите во авантури со партнерот. Не плашете се да преземете иницијатива и да му покажете на партнерот што точно сакате.