Револтиран скопјанец сподели сметка за струја – Граѓаните изненадени од цената

ИЗВОРНов Лист
|

Револтиран граѓанин денеска сподели слика од неговата сметка за струја. На фотографијата може да се забележи дека за надомест за потрошена електрична енергија треба да плати 1.388 денари, додека за надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија треба да плати сума од 1.963 денари.

„Надомест за потрошена електрична енергија 1.388,61 денари, Надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија 1936,33 денари, ДДВ 5% 166,25 денари Комунална такса за јавно осветлување 184,00 денари Фактура 3675,00 денари.“ стои во објавата на Никола на Фејсбук.

-Утре идам да барам кирија за сите кабли по проаѓаат низ мој двор или сечам бандера П.С. Зошто плаќаме јавно осветлување кога тоа го плаќа општината, дали Град Скопје дали Општината во која живееме?, додава Никола.