Револуцинерен бесконечен базен во кој се влегува низ дното

ИЗВОРСкопје24
|

Капењето во центарот на Лондон наскоро ќе биде незаборавно искуство. Проектот наречен „Infinity London“, го поставува првиот базен на светот кој ќе има бесконечни рабови од сите страни, а влегувањето ќе биде преку – тунел!

Дизајниран за покрив на облакодер, бесконечниот или Infinity базен ќе им овозможи на пливачите да уживаат во незаменливиот панорамски поглед на градот. Базенот може да прими 600.000 литри, а ќе биде изработен од еден вид на плексиглас.

Освен транспарентните ѕидови, базенот ќе има и проѕирен под низ кој посетителите ќе можат да го гледаат бранувањето на водата и да уживаат во светлосните ефекти, додека сончевите зраци се прекршуваат низ водата и паѓаат на ѕидовите под атриумот.

Таков, досега невиден концепт, носи и голем предизвик – како пливачите ќе влезат во базенот. Пристап во базенот од надворешната страна ќе биде невозможен, за да не се поремети дизајнот, па наместо надворешни скали, дизајнерите на базенот предвидуваат спирални скали кои се ротираат и кои се креваат нив водата.

„За време на работењето на овој проект, се соочивме со големи технички предизвици, а најголем беше како да се влезе во базенот“, открива еден од дизајнерите на базенот и технички директор, Алекс Кемсли.

Решението до кое дошле било инспирано од вратите на подморниците, поврзани со ротирачки спирални скали кои би се издигале од подот во агол на базенот, кога некој ќе сака да влезе или излезе.