Професорката од Правниот факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека се свршила со режисерот и продуцент на „Еднооки“, Борис Дамовски.
Gepostet von Иванка Ина Василевска Македонска am Montag, 22. April 2019
Објавата стана видлива за нејзините следбеници денеска, на нејзиниот роденден, иако веридбата се случила уште на 26 јануари.
Василевска претходно беше во брак со Марјан Додовски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна партија.
За Борис Дамовски, пак, ова ќе биде трет брак, по првиот брак со актерката Јасмина Поповска и бракот со актерката Арна Шијак.
Режисерот Борис Дамовски во уметничката кариера е најпрепознaтлив по анимираниот ТВ серијал „Еднооки“, што почна да се емитува на „А1“, потоа на „Канал 5“, па на „Сител“, и веќе не се продуцира.
Дамовски со неговата продукција „Контрабанда“ е еден од носителите на серијалот на МТВ за 20 години од независноста на Македонија кој имаше над 20 епизоди, а се јавува како автор на поголем број документарци финансирани од Владата преку МТВ посветени на историјата на Македонија.