Риба змеј напаѓа во Грција, не одете на овие плажи

|

Грците оваа риба ја нарекуваат „дракена“, на англиски ќе ја најдете под името „weeverfish“, а позната е и како морски пајак. Овие риби се појавиле на плажите олимпискиот регион, а ги има и во други области во плиткото.

Оваа риба не гризе туку боде. Веднаш зад главата има грбна перка со четити различни боцки (од кои втората е најопасна), која автоматски ја шири веднаш штом почувствува опасност. Големината е до 10 см и обично живее полускриена во песок и кал. Има боја на песок, па не е лесно да се забележи. На грбот има црни боцки кои ги активира ако го згазите и преку кои испушта отров во вашето тело.

Убодот од оваа риба е со многу силна болка која се развива со сета сила и до половина час по убодот. Болката е толку силна што едвај се поднесува. Симптомите на труење обично се само локални, но понекогаш има општи симптоми во форма на зголемено потење, слабост, вртоглавица, гадење и повраќање.