Ријана: Не сакам да купувам трудничка облека

ИЗВОРНов Лист
|

“Кога гледав како жените се облекуваат за време на бременоста, мислев дека тоа е единствениот начин. Затоа се предизвикав себеси да направам чекор понатаму и да се забавувам со мојот стајлинг за бременост”.

Откако беше откриено дека е бремена, пејачката Ријана предизвикува полемики на социјалните мрежи и во медиумите во врска со стајлингот, бидејќи реши да не го прилагодува на трудничкиот стомак.

Додека едни истакнуваат дека е најубаво облечената трудница досега, други ја критикуваат дека премногу открива и дека нема потреба толку да го истакнува својот стомак, а изборот на гардероба пејачката го објаснила во интервју за Bustle.

„Причината сум единствено јас. Не сакам да купува трудничка облека“, кратко одговорила Ријана.

„Не сакам да купувам панталони, фармерки и фустани за трудници или нешто што општеството ми го наметнува, а  не морам“, рече таа, додавајќи дека нејзиниот сегашен стајлинг го нарекува бунтовен, кој вклучува маици и панталони и ниски здолништа на половината, додека нејзиниот стомак е често гол.

„Кога ги гледав жените како се облекуваат за време на бременоста, мислев дека тоа е единствениот начин. Затоа се предизвикав себеси да направам чекор понатаму и да се забавувам со мојот стајлинг за бременост. Затоа што за мене нема ништо позабавно од предизвик. .Така се принудувам да добијам нови идеи и начини“, објасни Ријана.

Иако претходно беше позната по својот уникатен стил, пејачката вели дека бременоста уште повеќе ја инспирирала.