Британската пејачка по потекло од Косово, Рита Ора ,на своите родители им купи луксузна вила во Приштина.
Рита Сахатчиу (28) ,позната како Рита Ора вели дека за својот планетарен успех се најзаслужни нејзините родители Бесник и Вера.
„Рита им е вечно благодарна зашто и дадоа шанса за подобар живот. Избегаа од Косово за време на политичката криза и сега Рита сака да им се оддолжи на најдобар можен начин”, вели извор близок до семејството Сахатчиу.
Рита за куќата издвоила 1,5 милиони британски фунти. Мајка и Вера на Инстаграм се пофали со убавата вила.
„Домот е каде што е срцето. Иако живееме во Лондон , на сопругот , мене и на децата ни е неизмерно важно да го посетиме нашиот роден град Приштина.”, напиша мајка и на Рита на социјалната мрежа.