РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно

ИЗВОРНов Лист
|

Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти.

Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.

Прашан дали е точна информацијата дека не не набавен гас за потребите на загревањето на скопјани кои се приклучени на централно греење, претседателотна РКЕ рече дека има информации оти компанијата што планира да го преземе снабдувањето со топлинска енергија е во комуникација со најголемиот трговец со природен гас во земјава за да го обезбеди овој енергенс за потребите на домаќинствата.

-Со оваа цена на природен гас која минатата недела беше 3.500 долари за нормален кубен метар, а деновиве има тренд на намалување ако може тоа да се каже и сега чини 2.600 долари треба сериозно да се размисли дали ќе постои и опција со мазут доколку цената е висока. Верувам дека ќе биде обезбеден гас, а и ТЕ-ТО ќе работи во септевмри, рече Бислимоски.

Нагласи дека ТЕ-ТО мора да работи во грејната сезона бидејќи цената што ја дава за греењето е за 60-тина проценти пониска од цената на топланите, а плус тоа се обезбедува и да нема агадување во градот Скопје.